wordpress counter

Лазањи со брокула и морков

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (8 гласа, просек: 5,00 од 5)

Овој рецепт не е посветен само на вегетаријанците, туку е еднакво вкусен и за верните љубители на месото. Едноставно, направете мала промена во вашата кујна, заменете ги класичните лазањи со мелено месо. Ќе бидете воодушевени од вкусот, на крајот нема да се чувствувате прејадени и се разбира, лазањите ќе ги претворите во еден здрав оброк.

СОСТОЈКИ
• 350 гр сецкани брокули
• 255 гр сецкани моркови
• 9 кори за лазања
• 300 мл концентрирана крем супа од печурки
• 60 гр ренден пармезан
• 170 гр младо бело сирење
• 335 гр моцарела
• 3 гр лук во прав
• 1 гр сушен иситнет рузмарин
• 5 гр црвен пипер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Сварете ги морковот и брокулата на пареа, само колку да омекнат. Потоа, сварете ги корите од лазања. Во еден подлабок сад ставете ја супата од печурки, во неа додадете половина чаша пармезан, младо сирење и 2 чаши моцарела. Убаво промешајте и тргнете на страна ¼ чаша од смесата.

Во останатиот дел од сосот додадете го лукот, рузмаринот и сварениот зеленчук. Во помал огнооторен сад наредете еден ред од корите од лазања, врз нив ставете од смесата со зеленчукот. Потоа, додадете уште еден ред лазањи со истата смеса од зеленчук.

Повторно ставете еден ред кори од лазања и врз тоа ставете ја чашата од смесата што ја тргнавте на страна. Врз тоа додадете една чаша моцарела.

Измешајте ги црниот пипер и пармезанот и додадете го врз лазањата. Загрејте ја рерната на 375℃, печете ја лазањата половина час, прекриена со фолија. Потоа, извадете ја фолијата и печете уште 10 минути.

Bon Apetit!

Related Posts with Thumbnails