wordpress counter

Поинаков печен компир

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


ВЕГЕТАРИЈАНО: ПОИНАКОВ ПЕЧЕН КОМПИР

Иако не сум вегетаријанка, овие статии ми се посебно драги, бидејќи обожувам да консумирам вакви оброци. Најмногу поради тоа што се богати со свежи вкусови и зачини кои ги сакам. Така, често пати знам да подготвам нешто по мој вкус, а тоа всушност да биде чисто вегетаријански рецепт, без да го знам тоа.

Не ретко готвиме заедно со сестра ми, која има исклучителна иновативност во кујната. При една таква прилика, таа се сети да ги унапреди печените компири кои многу ги сакаме и јадеме и со малку имагинација создаде еден рецепт кој сега редовно го подготвуваме. За ова вкусно чудо не ви треба многу време, ниту е нешто посебно скапо, а и може да го направи секој почетник во готвењето. И уште нешто, ова е вегетаријански рецепт со кој може да ги послужите сите ваши пријатели.

СОСТОЈКИ
• 8-10 средно големи компири
• 200 г печурки
• 200 г растителен кашкавал, рендан
• оригано
• сол и црн бибер
• масло за готвење

ПОДГОТОВКА
Компирите излупете ги и замотајте ги во алуминиумска фолија. Наредете ги во тава за печење, ставете ги во рерна на умерена температура и печете додека компирот да омекне. Потоа извадете ги компирите од рерна, и оставете ги на страна да се изладат. Кога компирот е доволно ладен да се држи во рака, исечете ги на половина и издлабете ја средината од половините, која ја оставате на страна. Во тава за пржење, на малку масло запржете ги печурките со зачин и оригано. Потоа, додадете ја издлабената средина од компирите, промешајте и пропржете уше 2-3 минути. Со оваа смеса наполнете ги издлабените компири, кои повторно ги редите во тавата за печење. Откако сите компири се наполнети и наредени, посипете ги со ренданиот кашкавал, така што ќе се покрие целиот компир. Вратете ја тавата во рерната и печете додека да се растопи кашкавалот.

Пред да почнам да лупам компири, сакам на сите да ви кажам нешто. Вегетаријанската храна не е барање начин како да се замени месото или производите од животинско потекло во храната. Тоа е начин на живот, посебен и поинаков. Тоа значи дека не постојат болоњезе шпагети за вегетаријанци, каде меленото месо е заменето со соја или печурки. Не, тоа не е ниту болоњезе ниту вегетаријански рецепт. Тоа е само обид за компензација, кога меѓу гостите кои ги чекаме имаме еден или двајца вегетаријанци, па се обидуваме да им угодиме, со што некој оброк со месо ќе го направивме со нешто друго. Да, тоа ќе биде вегетаријанско, но верувајте на тој начин не им покажувате на тие луѓе дека ги почитувате. Не им покажувате дека го почитувајте начинот на живот кој тие го одбрале, а за тоа имаат навистина ДОБРА причина. Поканете ги на вегетаријански ручек сите ваши пријатели, згответе вегетаријански оброци и научете да уживате во здрава и вкусна храна. На здравје! [МАЈА БАЛША]

Related Posts with Thumbnails