wordpress counter

Пржено тофу со зеленчук

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Овој рецепт е совршен кога сакате ручек без месо, а посебен е затоа што можете да го приготвите во секоја сезона и да одберете зеленчук кој во моментот е на располагање.

СОСТОЈКИ
● 2 мали лажици маслиново масло
● 1 кромид, ситно сечкан
● 1 морков, сечкан
● малку сол
● 2 целера
● 400 гр тофу
● ½ мала лажица куркума
● ½ мала лажица сол
● малку бел бибер
● 1 шака рукола, исечкана на помали парчиња
● 1 шолја чадено тофу
● 4 мали лажици магданос

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: пропрежете кромид со сол на загреано масло (1-2 минути). Додадете морков и целер и пржете уште 2-3 минути. Издробете тофу и помешајте со сол, бел бибер и куркума. Додадете го зачинетото тофу кон зеленчукот и со мешање пржете во наредните 2-3 минути. Поклопете го садот и оставете да се пржи 2-3 минути.

Чекор 2: додадете го и чаденото тофу кое сте го изренадале и руколата и пржете во затворен сад уште 1 минута. Промешајте и пржете во наредните 2-3 минути за да се поврзат сите вкусови. Потоа, посипете магданос и промешајте. Се сервира со шпагети или палента.

Related Posts with Thumbnails