Салата од печен зеленчук
Иако на прв поглед името можеби ќе ве забуни, ова е едноставна и вкусна ладна салата. Токму затоа што е необична, може да биде вистински предизвик да се подготви и да се вкуси. За комплетно задоволство ќе ви бидат потребни следниве:
СОСТОЈКИ
• 2 модри домати
• 2 црвени пиперки
• 1 виолетов кромид
• лимон
• 6 чешниња лук
• 200 гр мали домати
• 50 гр црни маслинки, без коски
• 1 гранче босилек
• 150 мл маслиново масло
• сол и биберПОДГОТОВКА
Зеленчукот (модрите домати, пиперките и кромидот) исечкајте го на мали коцкички (1.5 — 2 см). Модрите домати ставете ги во сад, попрскајте ги со сок од половина лимон, посолете ги, натопете ги во вода и оставете ги половина час за да го исфрлат горчливиот вкус. Потоа, исцедете ги, додадете во нив пиперка, кромид и 100 мл маслиново масло и убаво измешајте ја смесата. Зеленчукот ставете во тава за печење и во претходно загреана рерна на 200°С. Се пече 25 минути (додека не омекне).Откако ќе биде готово, извадете го од шпорет и оставете да се излади. Подобро е да го префрлите во сад за салата и да го ставите во фрижидер. Додека се лади, во висок и тесен сад можете да ги ставите преостанатиот сок од лимон, маслиново масло, исечканиот лук, сол и бибер и сето тоа убаво да го измешате.
Врз изладениот зеленчук се ставаат малите домати исечкани на пола, црните маслинки, преливот. Потоа салатата нежно измешајте ја и посипете ја со босилек.









Коментирај