wordpress counter

Спанаќ ќофте – ем лезет, ем саглам

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (1 гласа, просек: 5,00 од 5)


СПАНАЌ ЌОФТЕ

Легендата за тоа како настанало ќофтето се состои од интересни факти и вкусна приказна која што јас не ја знам. Затоа, за оваа прилика културно ќе си ја измислам, односно ќе направам моја верзија за тоа на што ме асоцира мене ќофтето. Првото нешто што ми паѓа на памет кога ќе го слушнам овој збор е турската чаршија, особено делот каде целата улица мириса на ќебапи и се разбира – ќофте.

Зборот, всушност има турско потекло и значи ,,мелење”, односно ,,толчење”, што асоцира на тоа дека ќофтето доаѓа од едно посебно место, кое се вика ,,МзММ”. Малку е тешко за изговарање, ама има суштинско значење – Машина за Мелење Месо. Со такво потекло, мене, а ми се чини и на голем дел од вас, воопшто не ми е привлечно ни ќофтето, а најмалку машинава. Затоа, уште покултурно, ви ја претставувам новата МзМС агенда, односно претворање на машините за мелење месо во Машини за Мелење Спанаќ.

На овој начин, ќофтето ќе заблеска во своето вистинско светло и ќе стане саглам ќофте: здраво, вкусно и вегетаријанско. Бујрум! [МАЈА БАЛША]

СОСТОЈКИ

За ќофтиња
• ½ кг спанаќ
• 1 јајце
• 1 лажица лебни трошки
• сол
• црн пипер
• масло

За панирање
• брашно
• јајца
• лебни трошки

ПОДГОТОВКА
Обарете и сомелете го спанаќот. На сомелениот спанаќ додајте една лажица лебни трошки, сол по вкус, црн пипер и јајцето, па сето ова замесете го. Од добиената смеса направете ќофтиња и испанирајте ги во смеса од брашно, јајца и трошки и пржете ги.

Related Posts with Thumbnails