wordpress counter

Супа од леќа и моркови

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (1 гласа, просек: 5,00 од 5)


Денешниот ден решивме да го зачиниме со една вкусна зеленчукова супа. Не бара многу време ниту состојки, а резултатот е повеќе од одличен. Овој рецепт се однесува на 4-5 порции, а вие лесно може да го прилагодите количеството на состојки во зависност од бројот на луѓе кои ќе бидат присутни.

СОСТОЈКИ
• 300 гр леќа
• 5 моркови, исечкани на тркалца
• 1 кромид, ситно исечкан
• 2 домати, излупени и исечкани на коцки
• 4 дршки целер, исечкани
• малку сол, бибер и мајчина душица
• коцка за супа

ПРИГОТВУВАЊЕ
Подгответе го зеленчукот и ставете го во сад за варење. Потоа, додадете ја леќата, која претходно сте ја измиле и исцедиле. Додадете околу 250 мл вода и коцка за супа. Зачинете со сол, бибер и мајчина душица. Гответе со помш на пареа, на умерен оган. Супата варете ја сѐ додека не омекнат леќата и зеленчукот. Најмногу 2-3 часа.

Сервирајте ја топла со интегрален леб.

Related Posts with Thumbnails