wordpress counter

Супа од печена пченка, јогурт и мента

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


Вкусот и мирисот на печената пченка е речиси незаменлив. Кога на тоа ќе ја додадеме свежината што ја имаат јогуртот и ментата, добиваме ладно предјадење во кое сите ќе уживаат.

СОСТОЈКИ (за 4 лица)
• 4 пченки
• 2 мали лажици маслиново масло
• 1 мал кромид, ситно насечкан
• 2 чешниња лук
• 2 страка целер, ситно насечкани
• 4 шолјички (околу 200 мл) пилешка или зеленчукова супа
• ½ мала шолја мента, исечкана на тенки ленти
• 1 голема шолја јогурт

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: загрејте ја скарата (можете и на решетка) на средна температура. Намачкајте ги пченките со маслиново масло и печете ги додека не добијат малку изгорен изглед (околу 15 минути). Тргнете ги од скарата и оставете ги да се изладат.

Чекор 2: загрејте ја во сад за пржење и втората лажица маслиново масло. Пропржете ги лукот, кромидот и целерот. За 20-тина минути, тие ќе бидат карамелизирани. Додадете ја и супата и оставете да се прокрчка. Извадете ги топчињата пченка од кочанот и додадете ги во тавата. Оставете уште 10 минути на оган.

Чекор 3: оставете ја супата да се излади на собна температура. Потоа, ставете ја во блендер и миксирајте за да ја добиете посакуваната конзистенција. На крај, додадете ги јогуртот и ментата, посолете и сервирајте.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Како да се избегне јо-јо ефектот кај диетите? (2 дел)

Јо-јо ефектот е мошне честа појава кај диетите. Станува збор за враќање на килажата определен период по завршување на диетата....

Close