wordpress counter

Вегетаријанска лазања

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (8 гласа, просек: 5,00 од 5)


Вегетаријанската лазања е едно од оние јадења кои не само што се добри по вашето здравје, туку се и неверојатно вкусни. Иако се вика лазања, сепак е ослободено од „тежината“ на тестенините. Во комбинација со крцкаво парче леб, бргу ќе стане омилен семеен рецепт.

СОСТОЈКИ
• домати
• кромид или праз
• тиквици
• модар патлиџан
• пиперки
• босилек
• сол и бибер
• маслиново масло
• лук

ПОДГОТОВКА
Загрејте ја рерната на температура од 250℃. Добро измијте ги сите продукти, заедно со зачините ако се свежи. Излупете ги модрите патлиџани, кромидот и лукот.

Исечкајте ги сите продукти на парчиња со големина од 6 мм. Лукот исчекајте го мошне ситно, додека зачините покрупно.

Измешајте го лукот со маслиново масло. Во меѓувреме, садот за печење попрскајте го со чисто маслиново масло.

Започнете да ги редите зеленчуците и на секој слој ставете по малку маслото, сол и бибер. Сѐ додека не ја исполните целата тава за печење. Печете околу 15 минути на 230℃, потоа намалете на 200℃ и продолжете уште 20 минути со печење. Откако ќе биде готово, лазањата оставете ја уште 30-тина минути во изгасена рерна.

Вегетаријанската лазања се сервира или топла, или на собна температура. Одлично оди со топол и крцкав леб или со брускети. На крајот, врз лазањата може да се изренда пармезан.

Related Posts with Thumbnails