wordpress counter

Вегетаријански македонски оброк

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


ВЕГЕТАРИЈАНСКИ МАКЕДОНСКИ ОБРОК

Јас, како и повеќето од вас, имам пријатели кои се вегетаријанци. Не ретко се случува да готвам за мојата екипа и секогаш го имам истиот проблем: како да ги нагостам сите нив? Едните се љубители на месо, другите на егзотична храна, некои вегетаријанци, а повеќето храната ја сакаат во зависност од дневното расположение. Така, секогаш се трудам да подготвам поголем избор на храна за да има за сите. Но, времето за готвење од една страна и обврските од друга, не дозволуваат секогаш вакво опуштање. Затоа, решив да пробам нешто поинакво, што ќе биде вкусно и привлечно за сите. Познатите полнети пиперки, на убав и традиционален начин, но без месо.

Убаво подготвените состојки, замешани со гладна и убава мисла за весело дружење, како и залиени со македонско вино, се секогаш полн погодок. Внимавајте, љубовта при приготвување на храната е најважниот момент за таа да биде вкусна, без разлика за каков рецепт се работи. Таа ќе биде почувствувана во мирисот низ просторијата и сласните мласкања додека се јаде. Кога ќе можете да видите насмеани лица дури готвите, тогаш ќе знаете дека вашата вечера ќе биде перфектна!

Всушност, прашајте ги моите пријатели како си поминаа со овие полнети пиперки со грав. [МАЈА БАЛША]

СОСТОЈКИ
• 8 бабури
• 1/2 кг грав
• 1/2 кг ситно сечкан кромид
• 100 гр масло
• 1 лажица црвен пипер
• црн бибер
• магдонос
• целер

ПОДГОТОВКА
Сварете го гравот со една главица ситно сечкан кромид. Останатиот дел од кромидот исечкајте го и испржете го со маслото додека да пожолти. Тргнете го од оган и додајте му црвен пипер, црн бибер, сол, магдонос, малку целер и на крај ставете го сварениот грав претходно исцеден од водата. Измешајте добро и со таа смеса полнете ги бабурите. Пиперките редете ги во земјена тава намачкана со масло. Во остатокот од смесата со која ги полните пиперките додајте од водата во која се варел гравот, промешајте и сипете го тоа преку пиперките во тавата. Ставете ја тавата во рерна да се пече околу половина час.

Related Posts with Thumbnails