wordpress counter

Вргањ во шафран и тестенини со сос од ореви

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (1 гласа, про­сек: 5,00 од 5)

Печур­ките се едно од најв­ку­сните јадења во пове­ќето наци­о­на­лни кујни. Со све­жите печурки може да се под­го­тву­ваат вистин­ски ремек дела. Едно од нив е токму ова, кое Гур­ман™ ви го сервира за дене­шното мени.

СОСТОЈКИ
• 350 гр вргањ
• 2 гла­вици кро­мид, исеч­кан
• 55 гр ореви, кру­пно сеч­кани
• 30 гр путер
• 1 чаша бело вино
• шафран
• 150 мл crème fraiche
• сол и бибер
• тестенини

ПОДГОТОВКА
Во тава за пржење ста­вете го путе­рот и про­пр­жете го кро­ми­дот. Дода­дете ги печур­ките, шафра­нот и белото вино. Пржете 2–5 минути, а потоа посо­лете и дода­дете бибер.

Ста­вете ги оре­вите и свежо при­го­тве­ниот крем. Дин­стајте уште неко­лку минути. Трг­нете го сосот од оган. Серви­рајте со вашите оми­лени тестенини.

Crème Fraiche (свежо при­го­твен крем)

Се под­го­твува лесно и едно­ставно. Потребни ви се 1 шолја слатка павлака (или ¾ шолја млеко и ¼ шолја топен путер) која ќе треба малку да ја загре­ете на тивок оган. Потоа, дода­дете 2 големи лажици јогурт со пого­лема масле­ност. Трг­нете ја тавата од оган и кре­мот ста­вете го во ста­клен сад на собна темпе­ра­тура окулу 24 часа, за да се згу­сне. Изме­шајте го еднаш на 7–8 часа. По 24 часа, ста­вете го уште малку во фри­жи­дер за да ги добие нео­пход­ната густина и цврстина.

Ако немате толку време, тогаш, наме­сто свеж крем можете да иско­ри­стите и кисела павлака со пого­лема масленост.

Related Posts with Thumbnails

Коментирај

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во Вегетаријано