wordpress counter

Здраво, хранливо, вкусно

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 3,50 од 5)


ПЕСТО

За вас, наши драги читатели и пријатели, подготвивме еден оригинален италијански рецепт. Претходно можевте да прочитате една интересна и вкусна варијација на познатиот песто сос, прилагодена за брза и практична подготовка во наши услови. Овој пат, ви презентираме еден од традиционално италијанските облици на песто, со оригиналните состојки и единствениот италијански вкус. Во оваа варијанта се собрани сите вкусови на Италија, во еден идеален додаток за ручек или пикник во жешките денови.

Со здрави и хранливи состојки, без месо и без многу масти – одличен предлог за вегетаријанците, како и за сите оние кои внимаваат на здравјето и изгледот. Може да се сервира со сите видови тестенини, со тортиља, да се консумира со црн или диетален леб. Свежо како росен босилек во градина! [МАЈА БАЛША]

СОСТОЈКИ за 4-6 лица
• 450 г домати, сечкани на резанки
• 2 раце свежи листови од босилек
• 60 г рендан пармезан, или друг вид тврдо сирење
• 60 г изгмечени бадеми
• 2 главички излупен лук
• 150 мл масло (по можност маслиново)
• сол и свежо мелен црн бибер

ПОДГОТОВКА
Босилекот, сирењето, лукот и бадемите ставете ги во блендер и убаво изблендирајте ги. Додека работи блендерот, додавајте го маслото постепено, за да добиете компактна, светло зелена паста. Зачинете со сол и црн бибер.
Доматите ставете ги во голем сад и сипете го пестото. Оставете го да постои 20-30 минути на собна температура, за да можат вкусовите да се развијат и истовремено да се надополнуваат.

Бадеми
Бадемот воопшто не содржи јаглехидрати и затоа се користи за правење брашно за слатки кои се употребуваат во диети без јаглехидрати, или кај луѓе кои страдаат од дијабетес или пак гликозурија. Бадемот е богат со витамин Е (во 100 г бадеми се содржат 24 мг витамин Е), како и со витамин Б2 (рибофлавин). Исто така, богат е со моно-незаситени масти, едни од двата вида „корисни” масти, кои се одговорни за намалување на холестеролот кај човекот. Богати се со влакна и во грст бадеми има повеќе протеини отколку во едно јајце.

Related Posts with Thumbnails