wordpress counter

Ах, тие њоки

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


Њоките се посебна приказна за гурманите. Оваа одлична комбинација на брашно и компири, заедно со сос, ќе ве остави цел ден со насмевка на лицето. Затоа, денес ви предлагаме еден прекрасен рецепт за њоки. Но, првин, рецептот за основни њоки.

СОСТОЈКИ
• 800 гр компири
• 200 гр брашно
• 1 јајце
• сол
• по желба: рендан пармезан, сечкан варен спанаќ или блитва, пире од домати, варен морков

ПРИГОТВУВАЊЕ
Сварете ги компирите во солена вода. Потоа, исчистете ги и издробете ги додека се сè уште топли. Додадете 200 гр брашно, 1 јајце и малку сол. Ако тестото е премногу меко, додадете уште малку брашно. Од тестото направете долги тенки парчиња, слични на колбаси. Секое такво парче тесто убаво исукајте го и насечете го на коцки. Со помош на вилушка направете ребраст изглед. Парчињата ставете ги во солена вода која врие и во моментот кога ќе испливаат на површина, варете ги уште 2-3 минути.

За вака приготвените њоки ние ви предлагаме два соса:

Сос од печурки

СОСТОЈКИ
• 2 главици кромид
• 300 гр печурки
• 3 големи лажици пире од домати
• 1 чешне лук
• малку мајоран
• малку магданос
• сол и бибер
• малку масло

ПРИГОТВУВАЊЕ
Ситно насечкајте го кромидот и потоа пропржете го кратко на масло. Додадете ги печурките и продолжете со пржење. Потоа, додадете пире од домати, мајоран, иситнет лук и пржете за да се поврзат сите состојки. На крај, ставете го насечканиот магаданос и прелијте преку њоките.

.

Зелен сос

СОСТОЈКИ
• 320 гр млад спанаќ
• 1 шолја замрзнат грашок
• 2 големи лажици густин
• 150 мл кисела павлака
• 100 мл павлака за готвење
• 1 голема лажица сечкан магданос
• 6 листови босилек
• сол и бибер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Сварете го грашокот. Пред самиот крај на варењето, додадете го спанаќот. Варете уште неколку минути, а потоа процедете. Во сад со средна големина, измешајте ги павлаката за готвење, киселата павлака и густинот. Загрејте за да изврие. Потоа, во истиот сад ставете ги спанаќот, грашокот, босилекот и зачинeте со сол и бибер. Повторно проварете (уште една минута) и сервирајте со претходно приготвените њоки.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Виното не мора секогаш да се пие (2 дел)

Во првиот дел од статијата наведовме 5 совети за тоа што сѐ друго може да се прави со виното, освен...

Close