wordpress counter

Бафало крилца

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Пилешките крилца се дефинитвно едно од најпопуларните јадења на светот. Можат да се приготвуваат на безброј начини, а за денес ви го претставуваме рецептот за Бафало крилца.

СОСТОЈКИ (за 4 лица)
● 1 кг пилешки крилца
● 50 гр маргарин
● 2 големи лажици ајвар
● 1 мала лажица толчена лута пиперка
● ½ мала лажица сол
● ½ мала лажица бибер
● 2 моркови
● 1 китка магданос

сос од сирење
● 2 големи лажици мајонез
● 2 големи лажици павлака
● 100 гр сино сирење
● 1 чешне лук
● 1 мала лажица оцет

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: пригответе го сосот. Во мала чинија издробете го синото сирење со помош на вилушка. Додадете ги останатите состојки. Измешајте убаво, прекријте го садот со фолија и ставете во фрижидер да се излади.

Чекор 2: во ќесе за маринирање, измешајте ги крилцата, маргаринот, ајварот, лутата пиперка, сол и бибер. Измешајте убаво и оставете ги крилцата да се маринираат во фрижидер најмалку еден час.

Чекор 3: извадете ги крилцата од ќесето и наредете ги во сад за печење. Вклучете го горниот грејач на рерната на температура од 220 степени. Садот поставете го 10-15 сантиметри под грејачот и печете ги крилцата по 15 минути од двете страни.

Чекор 4: крилцата се служат топли. Со нив се сервира сосот со сирење и стапчиња морков со магданос.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Афион

Кога ќе се спомене афионот, веројатно прво нешто што ни паѓа на памет е питата со афион. Но, неговата примена...

Close