wordpress counter

Бифтек со пченица

Бифтекот е специјалитет кој сите гурмани со задоволство ќе го посакаат на својата трпеза. Постојат многу варијанти на негово приготвување, а денес ќе ви претставиме бифтек со пченица.

СОСТОЈКИ (за 2 лица)
● 400 гр јунешки бифтек
● 250 гр пченица
● 1 главица кромид
● 1 дл говедска супа
● 1 дл црвено вино
● 2 големи лажици кафен шеќер
● масло
● сол и бибер
● малку оригано

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: пред готвење, потопете ја пченицата во студена вода и оставете да отстои 1-2 часа. Потоа сварете ја пченицата. Во сад за пржење, ставете малку масло и пропржете го кромидот. Малку посолете и додадете околу 1 дл вода. Динстајте го кромидот додека не испари водата.

Чекор 2: во помал сад ставете вино, супа и шеќер. Варете го сосот на умерен оган 10-тина минути. Во меѓувреме, ставете сол и бибер на месото. Загрејте малку масло и пропржете го месото од двете страни (за крвав бифтек – по 1 минута од секоја страна, за средно печен – 4-5 минути од секоја страна, а за печен – по 10 минути од секоја страна).

Чекор 3: во садот со кромид додадете ја исцедената пченица. Посолете според вкус. Додадете поголема количина сос и добро измешајте. Исечете го бифтекот на парчиња. На чинија сервирајте пченица, врз неа бифтек и потоа малку од преостанатиот сос. Декорирајте со гранче оригано.

Related Posts with Thumbnails