wordpress counter

Божикно мени (1 дел)

Божикното мени треба да биде свечено, богато и вкусно. Затоа, ние од Гурман™ ви предлагаме мени од предјадење, главно јадење и десерт – рижото со бакалар, јагнешко месо со мед и божикна торта.

Предјадење

Рижото со бакалар

СОСТОЈКИ
• 1 анис (коморач)
• 60 мл маслиново масло
• 600 гр филети од бакалар
• 200 мл бело вино
• 250 гр ориз
• 1 мала лажица сечкан рузмарин
• 50 мл просеко
• 150 мл слатка павлака
• 1 мала лажица сенф
• сол и бибер

ПОДГОТОВКА
Посолете го анисот и кратко пропржете на загреано масло. Ставете го во чинија. На истото масло, пропржете ги филетите бакалар, полијте ги со вино, додадете го оризот (кој претходно малку сте го свариле) и исечкан рузмарин. Оставете да се пржи.

Потоа, рижотото полијте го со просеко и убаво протресете. Додадете ја павлаката, помешана со сенф и додадете сол и бибер по вкус.

На крајот, додадете го печениот коморач, поклопете го садот со рижото и оставете да отстои околу 5 минути.

Сервирање: пред да го послужите рижотото, можете да го декорирате со исечкан копар.
Совет: при крајот на подготовката на рижотото, можете да додадете и 1-2 лажици сок од лимон.

.

Главно јадење

Јагнешко месо со сос од мед

СОСТОЈКИ
• 50 мл масло
• 3-4 кг јагнешки бут со ребра
• сол и бибер
• 1 мала лажица вегета
• 100 мл мед
• 200 мл бело вино
• пола лимон, исечкан на кругчиња
• 20 гр пињоли

за прилог
• 3 лажици масло
• 30 гр сланина
• 1 кг кисела зелка
• 1 чешне лук

ПОДГОТОВКА
На загреано масло, прорпжете го месото од сите страни. Потоа, додадете му сол, бибер, вегета и мед. Пржете додека не потемни од карамелизираниот мед. Полека налевајте вода и бело вино.

Потоа, месото полека префрлете го во калап за печење, ставете фолија и печете во рерна час или часи половина на температура од 200℃. Кога месото ќе омекне, тргнете ја фолијата и додадете го лимонот и пињолите.

Како прилог можете да послужите пропржена кисела зелка. Можете да ја подготвите на следниот начин: пропржете на масло сланина, додадете ја зелката и лукот и пржете сѐ додека зелката не омекне убаво и не ги прими сите сокови.

Сервирање: месото послужете го со сокот од печењето и со пропржената зелка.
Совет: во текот на печењето, додадете по потреба и вода.

Related Posts with Thumbnails