wordpress counter

Божиќно мени: Пилешко во сос од печурки

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Одличен предлог за божиќните празници. Доколку сакате повеќе време да поминете со блиските, тогаш овој вкусен рецепт ќе ви помогне во тоа,  затоа што се потребни само 45 минути за да се приготви. Се сервира како главно јадење.

СОСТОЈКИ
● пилешки стекови
● 400 гр печурки
● павлака за готвење
● 2 јајца
● лебни трошки
● брашно
● сол и бибер
● магданос и босилек
● неколку мали главици кромид

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: пригответе ги пилешките стекови за похување. Првин наросете брашно, па потопете ги во јајце и на крај во лебни трошки. Похувајте ги во загреано маслиново масло.

Чекор 2: кога ќе бидат готови, ставете ги на хартија, за да се впие маслото. Во меѓувреме, пропржете го кромидот, а потоа додадете ги во истиот сад и печурките. Пржете 2-3 минути, додека не омекнат.

Чекор 3: потоа посолете, наросете бибер и додадете павлака за готвење. Оставете малку да се вари и на крај додадете магданос и босилек. Сервирајте со пилешкото месо.

Related Posts with Thumbnails