wordpress counter

Чорба со целер и црн тартуф

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (6 гласа, просек: 5,00 од 5)


Оваа чорба не е само обична чорба која може да ја украси нашата домашна трпеза и да биде само предјадење на главното јадење. Оваа чорба е многу повеќе од тоа. Чорба која ќе ви покаже дека овој специјалитет е неправедно потценет.

А, за да биде посебна, треба да има и посебни состојки. Таква состојка е целиот црн тартуф. Неговиот вкус и арома ќе ве однесат, буквално, во нови, недопрени димензии на храната. Денес, го споделуваме рецептот за оваа чорба и со нетрпение ги очекуваме вашите реакции откако ќе ја подготвите.

СОСТОЈКИ (за 4 порции)
• 1 литар млеко
• ½ кг свеж целер
• 200 гр павлака
• 30 гр путер
• 1 жолчка од јајце
• сол
• Zigante црн цел тартуф

ПОДГОТОВКА
Во подлабок сад налејте го млекото и додадете го целерот. Целерот се вари сѐ додека не омекне.

Потоа, добиената смеса од млеко и целер ставете ја во блендер. Додадете ги и павлаката и путерот и посолете по ваша желба. Со помош на блендерот добро измешајте ги сите состојки, сѐ додека не добиете хомогена кашеста смеса.

Пред да ја послужите, чорбата можете да ја загреете и да додадете жолчка од едно јајце.

Бидејќи најубавото доаѓа на самиот крај, изрендајте 5-6 листа од црн тартуф во секоја порција.

Bon Appetit!

Related Posts with Thumbnails