wordpress counter

Дивеч во сос од капини

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (6 гласа, просек: 5,00 од 5)


Овој рецепт е рецепт за подготовка на посебно месо – месо од дивеч. Станува збор за главно јадење, кое одлично оди со сос од капини и токму затоа денес ќе ви предложиме таков сос за комплетирање на овој убав ручек. Подготовката трае околу 45 минути.

СОСТОЈКИ (за две порции)
• 2 парчиња одрезок од дивеч или 4 медаљони
• 1 голема лажица маслиново масло
• 1 голема лажица оцет балсамико
• 150 мл говедска супа
• 2 лажици желе од црвени рибизли
• 1 чешне лук
• 90 гр свежи или замрзнати капини

ПОДГОТОВКА
Загрејте го маслиновото масло во тава за пржење. Парчињата дивеч пржете ги по 5 минути од двете страни. Кога ќе биде готово, месото извадете го од тава и ставете го настрана.

Во тавата во која го пржевте месото, додадете го оцетот балсамико, говедската супа, желето од рибизли и чешнето лук. Измешајте ги убаво сите состојки и на крај додадете ги капините. Продолжете со варење сѐ додека смесата не омекне.

Сосот се сервира во чинија заедно со дивечот.

Related Posts with Thumbnails