wordpress counter

Fantasy Мусака

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


FANTASY МУСАКА СО МОДАР ДОМАТ

Искрено, најискрено… вакво нешто не сте пробале! Толку многу вкусови на едно место, така трпеливо и искуствено подготвено… мислам дека овој пат нема да можам да најдам зборови со кои најправилно ќе го изразам тоа што го чувствувам од кога ја пробав оваа варијација на мусака. Прво, на изглед само потсетува на мусака, а понатаму сè по ред се само материјализирани соништа во реалност, фантазии и посакувани моменти…

Ова е вистинско, ултимативно гурманско уживање! Само погледнете го начинот на подготовка, и можете да си претпоставите колку љубов е потребно за оваа фенси мусака да го добие оригиналниот изглед и вкус. Не се откажувајте кога пред вас ќе се појави долга и комплицирана постапка, нека не ве обесхрабрува ниту листата со потребни состојки. Верувајте, ова е нешто што мора, ама навистина морате да го пробате.

Викнете ги соседите, пријателите или кого било на помош, поделете обврски и почнете да ја подготвувате. Оваа мусака е навистина излезена од сон. На здравје! [МАЈА БАЛША]

СОСТОЈКИ за 4-6 личности
• 4-5 средно големи модри домати
• 2 средно големи кромида, ситно сечкани
• 3 главчиња лук, толчени
• 900 г мелено телешко месо
• 2 супени лажици свежо сечкано нане
• 2 супени лажици свежо сечкан магдонос
• 2 супени лажици масло
• 150 г доматно пире
• 150 мл црвено вино
• сол и црн бибер

За топинг
• 280 мл млеко
• 25 г брашно
• 25 г путер
• малку морско оревче
• 250 г сирење
• 1 големо јајце, матено
• сол и црн бибер

ПОДГОТОВКА
Модриот домат исечете го по должина на 2 дела, и издлабете ја средината. Она што ќе го извадите, тргнете го на страна, а полу-издлабени школки од модар домат посолете ги и превртете ги наопаку на рамна површина. Вака нека останат половина час.

Во меѓувреме, во голем сад за пржење загрејте го маслото и пржете ги кромидот и лукот околу 5 минути. Потоа, покачете ја температурата и додадете го месото. Гответе додека да добие кафена боја, по што ќе го додадете зачуваното месо од модар домат. Гответе со постојано мешање околу 3-4 минути, намалете ја температурата. Во мал сад измешајте ги нането, магдоносот, доматното пире и црвеното вино. Кога добро ќе ги измешате, оваа смеса истурете ја врз месото кое се готви, и сето тоа гответе го уште 20 минути со повремено промешување.

Загрејте ја рерната на 170С°. Издлабените модри домати избришете ги со хартија за готвење и наредете ги во тава за печење. Полнете ги со филот од месо еднакво, а потоа ставете го во рерна и печете 1 час и 15-тина минути. Додека тоа се готви, подгответе го топингот. Во голем сад, ставете го млекото, брашното, путерот и морското оревче и со лажица-мешалка матете додека сè се изедначи. На ниска температура, гответе го топингот неколку минути, додавајќи му сол и црн бибер. Кога ќе биде готово, тргнете го на страна малку да се олади, а потоа додадете му сирење и јајце, и повторно убаво изматете го.

Кога модрите домати од рерната се готови, полијте ги со претходно приготвениот сос, може да попрскате и со рендан пармезан, покачете ја температурата, и вратете ги во рерна на највисоката полица и оставете да се готви уште 20тина минути, додека топингот да добие златно-кафена боја.

Related Posts with Thumbnails