wordpress counter

Филе мињон на крем од тиквички

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, про­сек: 5,00 од 5)

Рецепт со кој може да под­го­твите нави­стина посебно главно јадење. Под­го­тов­ката трае неполн час, а со наве­де­ните состојки ќе може да нахра­ните 4 возра­сни лица. Редак­ци­јата на Гур­ман™ ужи­ваше во овој спе­ци­ја­ли­тет и едно­гла­сно реши да го спо­дели со вас.

СОСТОЈКИ
• 600 – 800 гр теле­шко филе
• 1 црвена пиперка
• 1 вио­ле­тов кро­мид
• 2 тиквици
• 3 дл масло
• 1 гранка копар
• сол и бибер
• 2 дл миле­рам павлака

ПОДГОТОВКА
Во тава за пржење ста­ваме малку масло и го про­пр­жу­ваме ситно насеч­ка­ниот кро­мид. Откако ќе добие златно-жолта боја, ја дода­ваме и пипер­ката исеч­кана на коцки. Кратко потоа дода­ваме сол и бибер и на кра­јот вода. Оста­ваме да омекне.

Потоа, во тавата се дода­ваат и тикви­ците исеч­кани на коцки и сѐ заедно се вари. Пред самиот крај ја дода­ваме и павла­ката миле­рам и копарот.

Сите состојки се мешаат за да се добие смеса и садот го ста­ваме на топло.

Филето го зачи­ну­ваме со сол и бибер и го печеме од двете страни во загре­ана тава. Филето во сре­дина треба да остане благо розевкасто.

Испе­че­ното филе го серви­раме на подлога од рагу со тиквици.

Related Posts with Thumbnails

Коментирај

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во За убав ручек