wordpress counter

Филети од бела риба

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


Рибата, освен што е одлична храна за нашиот организам, таа е и мошне вкусен оброк ако се приготви на вистинскиот начин. Нашиот денешен предлог се филети од бела риба кои може да послужат како главно јадење. Подготовката трае 45 минути.

СОСТОЈКИ (за 4 порции)
• 2 пакета замрзнати филети од бела риба
• 1 главица кромид
• 1 морков
• неколку зрна бибер
• ½ лимон
• 1 ловоров лист
• 100 мл бело вино
• 100 мл маслиново масло
• магданос
• малку корен од целер и магданос

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: во сад со вода ставете ги корените од магданос и целер, морковот исечен на кругови, кромидот исечен на половина, биберот во зрна, ловоровиот лист и белото вино. Ставете да се вари.

Чекор 2: кога водата ќе почне да врие, ставете ги во неа одмрзнатите парчиња филети и варете на умерен оган околу 20 минути. Кога ќе се свари рибата, извадете и ставете ја во загреана огноотпорна чинија.

Чекор 3: рибата сервирајте ја со варени компири во солена вода, прелијте со маслиново масло и декорирајте со парчиња лимон.

Совет: супата во која се вареше рибата можете да ја процедите, да додадете ориз и да ја варите додека оризот не омекне. Се служи посебно.

Related Posts with Thumbnails