wordpress counter

Говедско филе во пршута и песто

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


Денешниот рецепт е рецепт за навистина убав и богат неделен ручек. Времето на подготовка е 15 минути, додека времето за приготвување на специјалитетот е 45 минути.

СОСТОЈКИ (за 10 лица)
• 14 тенки парчиња пршута (околу 120 гр)
• 1.5 кг говедско филе
• свежи листови од босилек
• 150 гр песто

ПРИГОТВУВАЊЕ
Загрејте ја рерната на 200℃. Наредете 7 парчиња пршута во форма на правоаголник, а потоа и преостанатите парчиња во продолжение, за да можете да го обвиткате филето од говедско месо.

Целото говедско филе премачкајте го со песто и потоа месото ставете го врз пршутата. Превиткајте го со пршутата. Ставете го филето во сад и печете околу 45 минути. Кога ќе се испече, ставете го месото во сад и покријте го со алуминумска фолија. Оставете 10-тина минути. Потоа, сервирајте со листови свеж босилек.

Совет: не го препекувајте месото, затоа што ќе стане суво и тврдо.

Bon Apetit!

Related Posts with Thumbnails