wordpress counter

Италијански шпагети со ќофтиња

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (7 гласа, просек: 5,00 од 5)


Можеби, на прв поглед, комбинацијата од тестенини и ќофтиња ќе ви звучи непознато, но верувајте, овој специјалитет е неверојатно вкусен. Тестенините добиваат поинаков вкус, а вие уживате со сите сетила.

СОСТОЈКИ

за ќофтиња
• 450 гр мелено говедско месо
• 1 шолја лебни трошки
• 1 лажица сув магдонос
• 1 лажица пекорино, рендано
• 1/4 лажичка мелен црн бибер
• 1/8 лажичка лук во прав
• 1 јајце

за сос
• 3/4 шолја сечкан кромид
• 5 чешниња лук, мелен
• 1/4 шолја маслиново масло
• 55 гр домати (од конзерва, цели и излупени)
• 2 лажички сол
• 1 лажичка бел шеќер
• 1 ловоров лист
• 170 гр доматно пире
• 3/4 лажичка сув босилек
• 1/2 лажичка мелен црн бибер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Првин, изматете го јајцето.

Во друг сад, измешајте ги јајцето и сите други состојки наведени за приготвување на ќофтињата. Од смесата направете околку десетина топки, покријте ги и оставете ги во фрижидер.

Во поголем сад, пропржете ги кромидот и лукот на средно загреано маслиново масло. Додадете ги доматите, солта, шеќерот и ловоровиот лист и добро промешајте. Намалете ја температурата на огнот, покријте ја тавата и оставете да се вари 90 минути.

Потоа, измешајте ги тестенините, босилокот, биберот и додадете ги ќофтињата. Оставете да врие уште 30 минути.

Послужете ги со рендано пекорино.

Bon Apetit!

Related Posts with Thumbnails