wordpress counter

Јагнешки ќофтиња во сос од јогурт и мента

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Овој специјалитет е верзија помеѓу ќебапи и ќофтиња. Во комбинација со сос од јогурт и мента, подразбира уживање за сите сетила.

СОСТОЈКИ

за ќофтиња
● 500 гр мелено јагнешко месо
● две млади кромидчиња
● три чешниња лук
● десетина листови мента (доколку нема, може и сушена мента или нане)
● половина мала лажица ким
● сок од половина лимон
● сол

за сос
● 250 мл цврст јогурт
● половина китка магданос
● десетина листови мента
● чили

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: исечкајте ги ситно лукот, кромидот и ментата. Овие состојки, заедно со зачините додадете ги во меленото јагнешко месо.

Чекор 2: од месото можете да направите ќофтиња или нешто налик на ќебап, кој потоа се става на дрвено стапче како раженче. Се пржат во масло како и сите други ќофтиња или можете на скара доколку дозволуваат условите.

Чекор 3: иситнете ги магданосот и ментата, а потоа измешајте ги со цврстиот јогурт. Зачинете со чили и сервирајте заедно со ќофтињата.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Кратка историја на зачините

Благодарение на светските истражувачи, морнари, научници и космополити, денес на располагање ни е широка лепеза на зачини од сите страни...

Close