wordpress counter

Јагула во сос

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Веќе е добро познато дека јагулата има омега-3 масти кои се добри за нашето срце, но многумина ја избегнуваат поради масниот вкус и не многу привлечниот изглед. Доколку сепак ви се важни состојките кои таа ги содржи, тогаш ова е совршен рецепт кој ќе ве воодушеви вас и сите околку вас.

Со овој рецепт ќе успеете да приготвите една од највкусните риби кои досега сте ги направиле. Покрај тоа што ќе добиете вкусен оброк и вашето здравје ќе има придобивка.

СОСТОЈКИ
• 1 јагула
• 200 мл бело вино
• 2 главици кромид
• 1 китка магданос
• масло за јадење
• малку брашно
• оцет
• сол

ПРИГОТВУВАЊЕ
Исчистете ја јагулата и отстранете ѝ ја главата. Потоа, ставете ја во сад со оцет и вода и оставете ја да отстои 12 часа. Откако ќе ја извадите од растворот, варете ја околу еден час.

Потоа, исечете ја на парчиња и пржете ја во повеќе масло. Испржените парчиња од јагула наредете ги во земјена тава, налијте вода, бело вино, додадете лук, магданос и сол по вкус. Ставете ја во рерна да се потпече. Пред да биде готово јадењето, додадете запршка од брашно.

Bon Apetit!

Related Posts with Thumbnails