wordpress counter

Јунешко филе со црн тартуф

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (9 гласа, просек: 5,00 од 5)


Фамата по тартуфите е присутна од кога постои комерцијалното готвење. Станува збор за продукт кој многу тешко се наоѓа и за кој нема можност да се одгледува, туку се консумира онака како што ни го подарува природата.

Со уникатниот мирис и вкус, тартуфот претставува дијамант на готвењето.

СОСТОЈКИ (за 4 порции)
• 800 гр јунешко филе
• 30 гр црн мелен тартуф на Zigante*
• 40 гр путер
• 200 мл павлака за готвење
• маслиново масло со вкус на црн тартуф на Zigante (по желба)
• сол и бибер

*наместо мелен тартуф можете да употребите и сецкан црн тартуф

ПОДГОТОВКА
Во тава за пржење истопете го путерот и додадете ги парчињата зачинето јунешко филе. Пропржете го месото на умерен оган (приближно по три минути од секоја страна). Подготвеното месо ставете го во посебен сад.

На путерот, во кој го пропрживте јунешкото филе, додадете му павлака за готвење и црн мелен (или сецкан) тартуф на Zigante. Сосот зачинете го по желба и кратко варете го на умерен оган. Откако сосот ќе биде готов, додадете го јунешкото филе и пропржете уште 2 минути.

На вака приготвеното јадење, додадете му неколку капки маслиново масло со вкус на црн тартуф. Како прилог кон ова јадење можете да подготвите варен зеленчук или потпечени компири.

Bon Apetite!

Related Posts with Thumbnails