wordpress counter

Ќофтиња во сос

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


Ова јадење е познато во речиси секоја земја на светот. Во зависност од земјата и луѓето, овие ќофтиња може да се прават од различни видови на месо. Кај нас, најчесто се прават од мешано мелено месо, а сосот од домати.

Токму таков е и нашиот денешен рецепт.

СОСТОЈКИ
• 0.5 кг мелено месо
• 1 јајце
• 150 гр сув леб без корка
• 1 главица кромид, ситно сечкан
• магданос
• 1 мала лажица сол
• 1 голема лажица масло
• 1 голема лажица сенф

за сос
• ½ голема лажица масло
• ½ мала лажица шеќер
• 1 главица кромид, ситно сечкан
• 2 чешниња лук
• 200 мл сос од домати
• 500 мл топла вода
• 2 големи лажици сок од лимон
• сол
• магданос

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: издробете го лебот и навлажнете го со малку топла вода. Додадете ги сите останати состојки и замесете хомогена смеса. Од смесата пригответе мали ќофтиња. Загрејте масло во сад за пржење и малку пропржете ги ќофтињата.

Чекор 2: при приготвување на сосот, во подлабок сад ставете масло, шеќер и кромид за да се пропржи. Кога кромидот ќе добие златна боја, во садот ставете ги ќофтињата. Додадете го сосот од домати, ситно насечкан лук, вода и сол.

Чекор 3: динстајте на умерен оган околу 45 минути и пред самиот крај на приготвувањето ставете магданос и лимонов сок.

Сервирајте топло со пире комир или топчиња од компири.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Која храна најчесто се краде?

Британскиот центар за истражување на малопродажбата направи едно навистина интересно истражување. Станува збор за истражување за тоа кој тип на...

Close