wordpress counter

Конечно, вкусен и мирен викенд

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (Нема гласови)


Конечно, еве нешто што ќе го олесни вашиот ден и викенд. Наместо неколку часови подготовки, договарања и преговарања што да се прави денес за ручек, погледнете го овој текст и земете си слобода да уживате во вашето слободно време.

Многу едноставно, не бара воопшто напор, ниту пак некое големо искуство во кујната. Состојките ви се веќе познати и веројатно уште сега ги имате дома. Соберете го целото семејство и изненадете ги со потпечено говедско со сирење, оброк кој не е традиционален кај нас, а го дава токму тој македонски вкус.

Телешкото месо облечено во зеленчук, ќе добие богат и разновиден вкус, а прекривката од јајца и сирење ќе ја задоволат потребата од калциум и ќе ги надополнат протеините и железото. Сè што на вашето тело му е потребно, како и на сите ваши сетила. Набрзина измешано и испечено, полно со хранливи материи, вкусно и одлично за целото семејство!

Послужете го со свежа зелена салата, комбинирана од сезонските продуктите кои ги има во изобилство во овој месец, како марула, млад кромид, ротквица, моркови и слично. Пријатен ручек! [МАЈА БАЛША]

СОСТОЈКИ
• 500 г мелено телешко месо
• 5 јајца
• 1 филџан сечкан спанаќ
• ¼ филџан сечкана црвена пиперка
• 150 г рендано сирење
• сол, црн бибер

ПОДГОТОВКА
Загрејте ја рерната на 180°С и замастете тава за печење. Месото пропржете го да добие кафена боја, а потоа исцедете го од маслото. Претходно потопете го спанаќот во топла вода и исцедете го. Додадете ги пиперката и спанаќот на месото и убаво измешајте ги. Ставете го месото со додатоците во тавата за печење и еднакво распоредете низ целата тава. Потоа посипете го сирењето врз месото. Во друг сад изматете ги јајцата со сол и црн бибер по вкус. На крајот истурете ги врз смесата во тавата за печење и печете 15 до 20 минути. Откако ќе се испече, извадете ја тавата од рерна и оставете 5 минути да се олади. Потоа, може да го сервирате говедското сечкано на парчиња.

Related Posts with Thumbnails