wordpress counter

Лиснато тесто со мелено месо и фета сирење

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


Ова јадење можете слободно да го приготвите и послужите како главно јадење кое ќе го одушеви секој член на вашето семејство. За приготвување на ова јадење, за 4 лица, ќе ви бидат потребни:

СОСТОЈКИ
• 1 пакување лиснато тесто
• 1 главица кромид
• 2 чешниња лук
• 2 гранчиња рузмарин
• 4 големи лажици маслиново масло
• 4 домати
• 1,5 голема лажица пире од домати
• 500 гр мелено месо
• 2 пиперки
• 200 гр фета сирење
• 1,5 голема лажица лебни трошки
• малку путер
• 2 јајца
• 100 мл павлака за готвење
• 4-6 големи лажици кисела павлака

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: одмрзнете го лиснатото тесто. На работна површина, попрскана со брашно, расукајте го тестото и поделете го на 4 дела. Земете 4 сада за печење и првин намачкајте ги со путер, потоа наросете малку лебни трошки и на крај ставете го лиснатото тесто. Со лиснатото тесто обложете ги рабовите и дното на садот. Загрејте ја рерната на 200℃.

Чекор 2: исечекајте ги ситно лукот и кромидот. Од едното гранче рузмарин отстранете ги игличките и насечкајте го ситно. Исчистете ги пиперките и доматите и исечкајте ги на коцки.

Чекор 3: загрејте маслиново масло во сад за пржење. Пропржете ги лукот и кромидот. Додадете ги пиперките и доматот. Додадете го меленото месо и пржете, додека не ја промени бојата. На крај ставете го доматното пире и тргнете го садот од оган. Смесата со месо помешајте ја со рузмаринот и зачинете со сол и бибер. Оставете малку да се излади. Исчекајте ја фетата на коцки. Половина од сирењето додадете го кон месото и добро измешајте.

Чекор 4: измешајте ја павлаката за готвење со 2 јајца. Мешавината со месо распределете ја во 4-те садови со лиснато тесто. Издробете го остатокот од фета сирењето и додадете го на 4-те порции. Печете околу 30 минути. По 20 минути, ставете кисела павлака во секоја од порциите и продолжете со печење уште 10 минути.

Чекор 5: декорирајте со рузмарин и сервирајте го топло. Доколку немате 4 садови, може да употребите и еден сад со димензии 20 см х 30 см и висина од 3 см.

Related Posts with Thumbnails