wordpress counter

Лосос со глазура од ѓумбир

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Ова е лесно јадење кое може да го приготвите во секој дел од годината. Одлично се комбинира со салата од рукола. Ако сакате да биде добро измаринирано, оставете го да отстои барем 12 часа. Доколку ви се брза, доволни се и два часа.

СОСТОЈКИ (за 4 лица)
• 1 дл соја сос
• 1 дл оцет од ориз
• 1 голема лажица свежо рендан ѓумбир
• 2 големи лажици шеќер
• 4 филети лосос

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: на средна температура, динстајте ги соја сосот, оцетот, ѓумбирот и шеќерот. Во меѓувреме, филетите од лосос наредете ги во огноотпорен сад.

Чекор 2: кога шеќерот ќе се истопи, добиената смеса налејте ја врз лососот и потоа затворете го садот и ставете го во фрижидер, за да може рибата добро да се измаринира.

Чекор 3: по два часа, лососот е подготвен да влезе во рерна. Печете 10-тина минути на 250℃.

Предлог: сервирајте го вака приготвениот лосос со салата од рукола.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Торти во облик на вашето омилено кученце

Британската слаткарница „Cake Doggy Dog“, која ја води дизајнерската двојка Рик и Еди Лебо, изработува навистина посебни торти. Станува збор...

Close