wordpress counter

Лосос со песто

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (1 гласа, просек: 5,00 од 5)


Овој рецепт е за лесно јадење од риба со сочно песто од семки од тиква и коријандер. Можете да го сервирате како главно јадење и веруваме дека ќе бидете воодушевени од вкусот. Да одиме во кујна!

СОСТОЈКИ (4 порции)
● 4 филети лосос
● 2 ½ мали лажици + ¼ шолја маслиново масло
● ½ шолја семки од тиква
● ½ шолја свеж коријандер (листови и стебленца)
● ½ мала лажица семки од коријандер
● ½ чешне лук
● 1 голема лажица сок од лимета
● сол и бибер
● 1 лимета исечена на 4 парчиња

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: загрејте 1 мала лажица маслиново масло во сад и пропржете ги семките од тиква околу 2 минути. Ставете ги на хартија и оставете да се изладат.

Чекор 2: сомелете шест лажици семки заедно со свежиот коријандер, семките од коријандер и лук. Ставете во сад и во текот на мешањето со миксер постепено додавајте сок од лимета, ¼ шолја маслиново масло и ¼ шолја вода. Мешајте сè додека не добиете пире. Зачинете со сол и бибер и уште малку сок од лимета.

Чекор 3: зачинете ги филетите од лосос со сол и бибер. Загрејте уште една лажица маслиново масло и пржете ги филетите по 3-4 минути од секоја страна. На чинија, сервирајте филет лосос, премачкајте го со песто и декорирајте со преостанатите семки од тиква и со една кришка лимета.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Ролувано свинско месо со панчета

Ви претставуваме еден навистина убав рецепт за богат ручек. Веруваме дека сите покрај трпезата ќе бидат подеднакво среќни и задоволни...

Close