wordpress counter

Лосос во сос од портокал и суви кајсии

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


Со оглед дека летото се распосла со сета своја убавина и топлина, за овој викенд ви предлагаме јадење кое не е тешко за јадење и нема да ви земе многу време покрај шпоретот.

СОСТОЈКИ
• 1 кг лосос без коски
• 200 гр црвени пиперки
• 200 гр тиквички
• 200 гр виолетов кромид
• сок од 3 портокали
• 3 лимети
• 200 гр суви кајсии
• зачини

ПОДГОТОВКА
Зеленчукот (црвените пиперки, тиквичките и виолетовиот кромид) исечкајте го на тенки ленти и кратко пропржете го на масло. Посолете ги парчињата лосос и доколку имате услови потпечете ги на скара.

За да го подготвите сосот од портокал, земете сад во кој ќе го ставите сокот од 5 портокали и потоа ќе додадете тенки кругови лимета и суви кајсии. Потребно е се добро да се промеша.

Во чинијата, првин сервирајте зеленчук, а врз него ставете го лососот. За крај, прелијте ја рибата со сосот од портокал.

Related Posts with Thumbnails