wordpress counter

Маринирано пилешко месо на скара

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (6 гласа, просек: 5,00 од 5)


Секој од нас има пробано месо на скара и веруваме дека ќе се согласите дека месото е највкусно кога е приготвено на овој начин. Уште кога ќе го измаринираме на соодветен начин, тогаш вкусот ќе ни ги разгали непцата.

Токму ова е еден таков рецепт.

СОСТОЈКИ (5 порции)
● 8 парчиња (1 кг) пилешки гради без коски
● 2 мали шолји јогурт
● 1 мала шолја грубо сечкан коријандер, листови и стебленца
● ½ кромид, ситно насечкан
● 1/3 мала шолја маслиново масло
● 6 чешниња лук, ситно насечкани
● 1 голема лажица сок од лимета
● 2 мали лажици сол
● 1 мала лажица бибер
● 1 парче од корен на ѓумбир, излупен и исчекан
● 1 лажица Гарам масала (микс од бибер, цимет, каранфилче, кардамом и ким)

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: секое парче од пилешките гради се става помеѓу 2 листа масна хартија  и се толчи до 1.5 см дебелина. Потоа, секое парче ставете го во пластична вреќичка која може добро да се затвори.

Чекор 2: останатите состојки се ставаат во блендер и се мешаат додека не се добие хомогена смеса. Оваа маринада се става во секоја вреќичка со пилешко и се затвора. Се остава да отстои најмалку 3 часа или преку ноќ во фрижидер.

Чекор 3: премачкајте ја решетката на скарата со малку масло и запалете го огнот кој не треба да биде многу јак. Пилешкото извадете го од маринадата и посолете го. Печете по 3-4 минути од секоја страна.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Зошто храната треба да се вари?

Со оглед на сè поголемата популарност на сировата храна, се присетуваме зошто луѓето воопшто започнале да ја варат храната. Има...

Close