wordpress counter

Медитеранско уживање: Лигњи со домати и црни маслинки

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (5 гласа, просек: 5,00 од 5)


На овој специјалитет нема да ви биде благодарно само вашето сетило за вкус, туку и целиот организам, затоа што ќе го наградите со вкусен и здрав оброк. Иако, на прв поглед може да звучи сложено за подготвка, ве уверуваме дека овој рецепт е многу полесен за правење од некои други кои важат за „лесни“ рецепти.

СОСТОЈКИ
• 20 мали домати
• 4 мали лажици оригано
• 1 лажица оцет
• малку маслиново масло
• 800 гр лигњи
• морска сол и бибер
• 1 лажица маслиново масло
• 1 малку млад кромид, ситно исчекан
• 10 мали црни маслинки без семки

ПОДГОТОВКА
Загрејте ја рерната на 200℃. Со мало ноже пресечете ги доматите. Наредете ги во сад за печење, посипете ги со оригано, со оцет и малку маслиново масло. Ставете ги во рерна и печете 20-25 минути.

Во меѓувреме, исчистете ги лигњите. Во сад за пржење налејте маслиново масло и ставете ги лигњите. Пржете ги од едната страна, додека не добијат златно-кафена боја. Потоа, свртете ги од другата страна и кога ќе бидат до половина готови, ставете го младиот кромидот, една лажица вода и пржете на средна температура, сѐ додека не омекне малдиот кромид.

Додадете маслинки и домати на лигњите, добро измешајте и веднаш сервирајте.

Bon Apetit!

Related Posts with Thumbnails