wordpress counter

Месо од мисирка во сос од бело вино

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Верувале или не, ова е италијанско јадење. Станува збор за специјалитет од јужните делови на Италија, кој е навистина вкусен. Веруваме дека фотографијата ќе ве натера да го приготвите и да уживате во него.

СОСТОЈКИ (за 6 оброци)
● 1 килограм месо од мисирка (најдбро од бутниот дел)
● сол и бибер
● 2 големи лажици магданос, крупно сечкан плус 2 гранчиња
● 1 голема лажица рузмарин, крупно сечкан плус 1 гранче
● 2 мали лажици жалфија, крупно сечкана плус 3 листа
● 2 чешниња лук
● 2 големи лажици маслиново масло
● 1 кромид, сечкан по должина
● 1 морков, исечен на коцки
● 1 страк целер, сечен на мали парчиња
● 120 мл бело вино

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: загрејте ја рерната на 220 степени. Зачинете го месото со сол и бибер. Во аван ставете ги магданосот, рузмаринот и жалфијата и добро истолчете ги. Додадете лук и половина мала лажица сол и повторно истолчете. На крај, налејте го маслиновото масло.

Чекор 2: намачкајте го месото со смесата од зачини. Месото (или парчињата, ако се повеќе) завртете ги во форма на цилиндер и заврзете ги со кујнски конец. Во садот за печење, ставете ги кромидот, морковот, целерот, гранчињата магданос и рузмарин, листовите жалфија, белото вино и половина шолја вода. На крај, ставете го месото, покријте со фолија и печете 20 минути.

Чекор 3: по 20 минути, прелијте го месото со сокот од садот во кој се пече. Повторно вратете го во рерна и печете уште 35-45 минути. Оставете малку да се излади и отстранете го конецот. Сервирајте заедно со зеленчук и попрскајте со сосот во кои се подготвувало јадењето.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Чоколадна торта со костени

Еве еден рецепт за вкусен есенски десерт. Станува збор за чоколадна торта со костени. За да го приготвите ова слатко,...

Close