wordpress counter

Месо со сочен зеленчук

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, про­сек: 5,00 од 5)

За прет­стој­ниот пра­зник ви пре­дла­гаме да под­го­твите нави­стина посе­бен ручек. Месо со гар­нир од зелен­чук — по можност готвен во вок тава. На тој начин ќе може, на висока темпе­ра­тура, да го под­го­твите јаде­њето мошне бргу.

СОСТОЈКИ
• 300 гр месо по избор
• 4 големи лажици масло
• 150 гр мор­кови
• 300 гр пиперки
• 200 гр праз
• 4 големи лажици соја сос
• зачин за месо

ПОДГОТОВКА
Во тавата ста­вете 2 лажици масло и загрејте го. Откако ќе ги насеч­кате на ленти, испр­жете ги посебно мор­ко­вот, пипер­ката и пра­зот. Две минути е сосема дово­лно. Штом ќе го испр­жите, ста­вете го зелен­чу­кот на страна.

Месото насеч­кајте го на ленти или на коцки. Дода­дете го пре­о­ста­на­тото масло во тавата и откако ќе биде загре­ано дода­дете го месото и пржете сѐ додека не испари течноста.

Потоа, дода­дете го и зелен­чу­кот, соја сосот и сите состојки залијте ги со околу 400 мл вода. На кра­јот се додава зачи­нот. Добро изме­шајте и пржете уште 5 минути.

По желба, може да дода­дете и ана­нас сеч­кан на коцки.

Совет: Серви­рајте со тесте­нини или варен ориз.

Related Posts with Thumbnails

Коментирај

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во За убав ручек