wordpress counter

Мисирка со Zigante бел мелен тартуф

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (8 гласа, просек: 5,00 од 5)


Месото од мисирка е едно од највкусните видови на месо. Уште кога ќе се искомбинира со Zigante тартуфите, ќе добиете вистинска симфонија во вашата уста. Овој празничен викенд ви предлагаме еден токму таков посебен рецепт.

СОСТОЈКИ (за 4 порции)
• 30 гр Zigate бел мелен тартуф
• 800 гр гради од мисирка
• 40 гр путер
• 200 мл павлака за готвење
• сол и бибер
Zigante маслиново масло со вкус на бел тартуф (по желба)

ПОДГОТОВКА
Растопете го путерот во тава, додадете го исечканото месо од мисирка и на умерен оган, пржете околу 10-тина минути. Така подготвено, месото префрлете го во друг сад, а на путерот во кој го пржевте месото, додадете му павлака за готвење и бел мелен тартуф.

Зачинете го сосот по ваша желба, кратко проварете го и додадете го месото од мисирка. Гответе уште 2 минути. На готовото јадење капнете му неколку капки маслиново масло со вкус бел тартуф.

Како прилог кон ова јадење, може да приготвите варен зеленчук или печени компири.

Bon Apetit!

Related Posts with Thumbnails