wordpress counter

Морски плодови со зеленчук

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (5 гласа, просек: 5,00 од 5)


Морските плодови се секогаш добар избор за вкусен ручек. Ако ги искомбинираме со зеленчук и добро вино, тогаш ќе се почувствуваме како да сме во гастрономски рај. Токму ова е еден таков рецепт.

СОСТОЈКИ
• 1 кг школки
• ½ кг мали шкампи
• 1 голем модар патлиџан
• 1 голема пиперка
• 1 виолетов кромид
• 20 зелени маслинки без семки
• 50 мл маслиново масло
• 4 чешниња лук
• 1 мала лажица мешавина од тревки по ваш избор
• 1 дл бело вино

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: шкампите кратко пропржете ги на врел оган, отстранете им ги главите и краевите. Во вок тава или сличен сад, држете ги школките на умерен оган, сè додека не се отворат. Извадете им го месото.

Чекор 2: модриот патлиџан исечете го на коцки, заедно со пиперката која сте ја исекле на тенки резанки. Маслинките, зачинот и иситнетиот лук се пржат во сад со маслиново масло. Пржете на умерен оган. Од време на време, полејте го зеленчукот со остатокот од водата во кои сте ги свариле главите од шкампите или со топла вода.

Чекор 3: кога зеленчукот ќе омекне, додадете ги краевите од шкампите, 1-2 лажици од сокот кој го пуштиле школките и месото од школките. Залејте со бело вино. Динстајте додека виното не испари. Се служи топло.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Крцкав корнфлекс компир

Овој компир е вкусен предлог кој може да се искористи како прилог кон многу јадења. Времето на приготвување е околу...

Close