wordpress counter

Неодолива сицилијанска пица

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


Оваа прекрасна пица ќе ве заведе со комбинацијата од медитерански вкусови кои произлегуваат од маслинките, доматите и моцарелата. Ние веруваме дека подеднакво ќе уживате и во приготвувањето, а особено во јадењето на оваа пица.

СОСТОЈКИ (за 4 лица)

за тесто
● 230 мл топла вода
● 1 мала лажица шеќер
● ½ пакетче свеж квасец или 1 пакетче сув квасец
● 3 големи лажици маслиново масло
● 1 мала лажица сол
● 310 гр брашно

за фил
● 1 рака црни или зелени маслинки
● 50 гр шампињони
● 200 мл пире од домати, разредено со малку вода и шеќер
● 1 свеж домат
● 125 гр моцарела
● 50 гр кашкавал
● половина зелена пиперка
● маслиново масло

ПРИГОТВУВАЊЕ

за тесто
Изматете го квасецот во топла вода. Додадете шеќер, маслиново масло и убаво измешајте. На оваа смеса додадете му брашно и добро замесете го тестото. Откако ќе го замесите тестото, покријте го со влажна крпа и оставете го да нарасне (речиси двојно). Поделете го на 4 дела.

за фил
Загрејте ја рерната на 220 степени. Растегнете го тестото за пица. Наредете пире, рендан кашкавал, распоредете ги маслинките, шампињоните, пиперката, доматот, моцарелата и неколку капки маслиново масло. Печете 20 минути.

Related Posts with Thumbnails