wordpress counter

Новогодишно мени (1 дел)

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 5,00 од 5)


Нова година е период кога, покрај миговите на добро расположение, нашиот дом го краси и вкусна и богата трпеза. За овие новогодишни празници ви подаруваме навистина посебно и неверојатно вкусно мени.

Во првиот дел започнуваме со врвно предјадење, кое ќе ви отвори апетит за специјалитетот на вечерта.

Салата од мисирка, брусница и индиски оревчиња

СОСТОЈКИ (за 4 порции)
• 400 гр месо од мисирка
• 1 рака индиски оревчиња
• 1 рака сушени брусници
• 2 мали лажици мешавина од зачини
• неколку ливчиња нане
• неколку ливчиња коријандер
• микс од салати: цикорија, спанаќ, рукола, поточарка
• 1 голема лажица мед
• 1 чили пиперче

сос за салата
• сок од 1 мандарина
• сок од 1 зелен лимон
• 1 калинка, пресечена на половина
• ½ виолетов кромид, излупен и изрендан
• маслиново масло
• 1 голема лажица соја сос
• 1 мала лажица масло од сусам
• малку свежо мелен ѓумбир

ПОДГОТОВКА
Исечкајте го на тенки парчиња месото од мисирка и пропржете го на умерен оган. Додадете ги индиските оревчиња, сушените брусници и миксот од зачини. Убаво измешајте ги овие состојки и пропржете. Оставете да се пржи на слаб оган и не заборавајте одвреме навреме да промешате, за да не загорат месото, зачините, оревчињата и брусниците.

Во подлабок сад за салати ставете ги миксот од ливчиња салата и нането. Сосот направете го во посебен сад. Измешајте ги соковите од мандарина и зелен лимон и сокот од половина калинка. Потоа, се додава ренданиот кромид. Ставете масло и оцет во сооднос 3:1. Додадете соја сос и масло од сусам. На крај, додадете го сокот од ренданиот ѓумбир.

Добро измешајте ги сите состојки за сосот. Можете да додадете масло, оцет и сол по вкус. Попрскајте ги ливчињата салата со сосот.

Медот додадете го на тавата со мисирка. Зголемете ја температурата за да стане крцкава смесата. Половина од оваа смеса ставете ја во садот со салати и добро измешајте. Другата половина се става на врвот од садот. Гарнирајте со калинки, чили пиперче и неколку ливчиња коријандер.

Related Posts with Thumbnails