wordpress counter

Новогодишно мени – Главно јадење: Свинско месо во сос

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (6 гласа, просек: 4,83 од 5)


Свинско месо во сос

Свинското месо е вкусно само по себе, а ако уште го надополните со вистинскиот сос, тогаш добивате вистински новогодишен специјалитет. Затоа, не ги разочарувајте вашите најблиски – пригответе одличен ручек, по кој сите ќе си ги излижат прстите.

Со овој рецепт, месото ќе биде сочно, меко и многу вкусно. Веруваме дека за време на оброкот ќе слушате комплименти, а најчест збор ќе биде „путер“. Дефинитивно, по овој рецепт, ќе бидете омилен член во семејството.

СОСТОЈКИ

за месото
• 2 кг свинско месо за печење
• 2 дл бело вино
• 1 лажица сув зачин
• 1 кафена лажичка бибер
• половина главица ситно сецкан кромид
• 1 кафена лажичка црвен пипер
• 15-тина млади морковчиња
• 2 лажици маслиново масло

за сосот
• 1 ½ лажица брашно
• масло за јадење
• 2 дл од сосот во кој се печело месото
• жешка вода
• 2 лажици магдонос (може и сушен)
• 2-3 чешниња истолчен бел лук
• мелен сув зачин (по ваша желба)

ПРИГОТВУВАЊЕ
Во длабок сад за печење, сипете го виното и врз него ставете го свинското месо. Сите зачини убаво измешајте ги и втријте ги врз/во месото. Околу месото ставете ги младите моркови и сѐ залијте со маслиново масло. Поклопете го садот со капак и ставете го да се пече на 170℃ околу два часа. Повремено преливајте го месото со сосот во кој се пече.

Потоа, отстранете го капакот и печете уште 15-тина минути, додека не порумени и не добие крцкава кора. Печеното месо замотајте го во фолија и оставете го најмалку 10 минути, за да стане сочно и да не се исуши.

Во огнотпорен сад, ставете малку масло за готвење. Откако ќе се загрее, додадете истолчен лук и брашно. Пропржете додека брашното не ја смени бојата. Додадете го сосот од печеното месо и малку вода (онолку, колку за да добиете средно густ сос) и сето тоа промешајте го. Внимавајте да не ви се создадат грутки.

Варете на слаб оган, дури не ја добиете саканата густина. На крајот, додадете го ситно сецканиот магдонос и малку мелен сув зачин (по желба). Месото исечкајте го на парчиња дебели еден сантиметар и прелите го со сосот. Можете и посебно да го сервирате сосот, па секој да си додава по желба. Како гарнир можете да направите печен компир, ориз или едноставна салата.

Bon Apetit!

Related Posts with Thumbnails