wordpress counter

Новогодишно мени: Пилешко со сос од домати

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (1 гласа, просек: 5,00 од 5)


Ако се мислите што да приготвите за новогодишниот ручек, еве еден oдличен специјалитет. Станува збор за главно јадење со префинет сос од домати и одбрана комбинација од зачини.

СОСТОЈКИ (4 лица)
● 600 гр шери домати
● 6 големи лажици маслиново масло
● 1 голема лажица мешан сув зеленчук
● сол и бибер
● 1 голема лажица „Ворчестер“ сос
● 600 гр пилешки гради без коска
● 1 кромид, ситно насечкан
● 2 големи лажици оцет
● 3 големи лажици магданос
● 3 големи лажици листови естрагон

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: загрејте ја рерната на 230 степени. Во сад, промешајте ги доматите, маслиновото масло и зачините. Во сад за пржење, загрејте 1 лажица масло и пропржете ги 1 минута доматите. Потоа ставете ги 15 минути во рерна и оставете ги да пуштат сок. Префрлете ги во сад и зачинете со „Ворчестер“ сос.

Чекор 2: зачинете го пилешкото месо со сол и бибер. Загрејте 2 лажици масло и додадете го пилешкото месо. Пропржете сè додека не добие златно-кафена боја. Потоа, ставете го во рерна 8-10 минути. Откако ќе се испече, оставете 5 минути да се излади.

Чекор 3: во тава загрејте една лажица масло и пропржете го кромидот. Додадете ги доматите, оцетот и варете сè додека се згусне. Зачините со сол и бибер. Исечете го пилешкото месо на парчиња и прелијте го со сос од домати. Декорирајте со магданос и естрагон.

Related Posts with Thumbnails