wordpress counter

Ослич филети со мед

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (1 гласа, просек: 5,00 од 5)


Осличот е риба карактеристична за студените води на Атлантикот и Пацификот и се лови на длабочини поголеми од 50 метри. Најпознати видови за комерцијален улов се новозеландскиот ослич и севернопацифичкиот ослич.

Денешниот рецепт не бара посебен вид на ослич, туку само малку од вашето време и неколку состојки.

СОСТОЈКИ
● 1 пакување ослич филети
● 30 мл маслиново масло
● сол и бибер
● 1 мала лажица рендана кора од лимон
● 1 мала лажица рендана кора од портокал
● 250 мл павлака за готвење
● 1 лажица ситно сечкан свеж босилек (или 2 мали лажици сув босилек)
● 1 мала лажица мед

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: загрејте ја рерната на 180 степени. Премачкајте го садот за печење со путер.

Чекор 2: извалкајте ги филетите во брашно, но само од едната страна. Со таа страна свртена надолу, редете ги филетите во огноотпорен сад за печење. Зачинете со сол и бибер. Посипете со рендана кора од лимон и портокал. На крајот, врз рибата, полијте мед.

Чекор 3: печете ја рибата 15-20 минути. На сосот што останал од печењето, додадете му павлака и босилек и варете го околу 5 минути на силен оган, додека не добие на густина. Сосот прелијте го преку рибата и сервирајте со варен ориз, брокула или компири.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Чоколадни интегрални рози

Катерина Милошевска Нашата читателка Катерина ни испрати еден навистина сладок рецепт. Станува збор за чоколадни интегрални рози, кои се одличен...

Close