wordpress counter

Печена патка во сос од портокал

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (5 гласа, просек: 5,00 од 5)


Денес е Божиќ за католичкиот свет. Затоа, ви предлагаме еден навистина посебен рецепт, кој е популарен кај католиците – печена патка во сос од портокал.

Рецептот е малку покомплексен, но еден од оние кои овозможуваат мешање на интензивни вкусови и комбинација од солени и слатки вкусови. Еден од специјалитетите кои заслужуваат да се најдат на свеченото мени.

СОСТОЈКИ
• 1 патка (1.5-2 кг)
• 1 голема лажица вегета или друг сличен зачин
• 50 мл врела вода

за премачкување
• 80 гр мед
• 3 големи лажици оцет
• 3 големи лажици масло

за полнење
• 1 портокал
• 2 парчиња праз

за сос
• ½ мала лажица ѓумбир
• 2-3 големи лажици бело вино
• 50-100 мл вода
• сол и бибер
• 1-2 мали лажици густин

ПОДГОТОВКА
Патката добро се мие и се чисти и потоа се премачкува и внатре и надвор со вегета. Во мал сад измешајте мед, оцет и една лажица масло и со оваа мешавина шремачкајте ја целата патка. Во внатрешноста на патката ставете половина портокал и исчистен праз (само белиот дел).

Патката ставете ја во тавата за печење, која претходно сте ја премачкале со преостанатото масло. Налејте врела вода и печете во рерна на температура од 190℃. Во текот на печењето, патката премачкајте ја со остатокот од смесата со мед и од време на време налевајте топла вода.

По еден час, покрај патката ставете го преостанатиот портокал, исечен на кругчиња. Печете уште околу еден час, додека не омекне.

Во мал сад за варење ставете ги ѓумбирот, биберот, виното и густинот растворен во вода. Варете 1-2 минути со постојано мешање. На крај, сосот се посолува според желба.

Сервирање: печената патка се сече на парчиња и се служи со сос и крокети од ориз.

Совет: во сосот може да додадете и кора од портокал.

Related Posts with Thumbnails