Печена риба со домати и маслинки
Со оглед дека подолго време немаме објавено рецепт со риба, се решивме за еден навистина посебен оброк. Богат оброк со вкус на потпечена туна или лосос во комбинација со домати и маслинки.
СОСТОЈКИ
Риба
• 1 кг лосос или туна
• сок од еден лимон
• солДодаток
• 1 шолја црни маслинки, исечкани на поголеми парчиња
• 150 гр шери домати, исечкани на четвртини
• 3 големи лажици виолетов кромид, ситно исечкан
• 3 големи лажици копар
• 1 голема лажица мајоран, оригано или босилек, ситно исечкан
• 2 големи лажици магданос, ситно исечкан
• 1 голема лажица малсиново масло
• 1 голема лажица оцет
• сол и црвен пиперПОДГОТОВКА
Најдобро е филетите риба да се подготват на скара (ако немате услови, може и во шпорет). Филетите премачкајте ги со сокот од лимон и сол од двете страни. Печете сѐ додека месото од рибата не почне да се раздвојува.Во меѓувреме, можете да го подготвите додатокот од зеленчуци и зачини. Сите состојки се мешаат во еден подлабок сад со средна големина.
При сервирањето, на секоја порција риба (филет) додадете и 1/3 шолја од додатокот со зеленчук и зачини.
