wordpress counter

Печено јагнешко месо со салса

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Овој рецепт е наменет за богат неделен ручек. Печеното јагнешко месо со салса се служи со потпечени компири со лук. На тој начин, ќе добиете одличен оброк со сите вкусови.

СОСТОЈКИ (6-8 лица)

за месо
● 1 кг јагнешко месо
● 3 големи лажици мајчина душица
● бибер и сол
● масло

за салса
● 2 домати без лушпа
● 2 чили пиперчиња или 2 лути пиперки, без семки
● 1 чешне лук
● ¼ шолја коријандер
● ½ шолја маслиново масло
● сол

ПРИГОТВУВАЊЕ

за месо
Чекор 1: истријте го месото со сол, бибер и мајчина душица. На крај, премачкајте го со масло. Ставете го месото во сад за печење и печете на температура од 230 степени. Печете додека месото не добие златно-кафена боја, поточно околу 15-тина минути.

Чекор 2: извадете го месото од рерната и оставете ја вклучена на 150 степени. Потоа, вратете го месото во рерна (со термометар за готвење, ако имате) и печете сè додека внатрешната температура на месото не стане 50 степени (приближно околу 2 часа).

за салса
Чекор 1: загрејте ја рерната на температура од 200 степени. Ставете ги доматите, пиперките и лукот во алуминиумска фолија и убаво затворете ги. Печете 30 минути.

Чекор 2: откако ќе се изладат, ставете ги во блендер заедно со коријандерот и убаво измешајте. Во текот на мешањето полека додавајте го маслиновото масло. Зачинете со сол. Сервирајте со месо и потпечени компири.

Related Posts with Thumbnails