wordpress counter

Печено пиле

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (1 гласа, просек: 5,00 од 5)


Ова е едно од најконсумираните јадења кај нас и во повеќе други земји. Претпоставуваме дека голем дел од вас знаат да го приготват, но ние овој пат споделуваме еден рецепт според еден од најдобрите кетеринг ресторани во Хрватска, „Zvona catering“.

СОСТОЈКИ
● 1 поголемо пиле (1.5-2 кг)
● 250 гр фил (лебни трошки, јајце, ловор, магдонос, путер, мајчина душица)
● 3 главици кромид
● 50 гр путер
● 1 ½ голема лажица морска сол
● 1 мала лажица зелен бибер
● 1 мала лажица свежи листови од мајчина душица

течност за залевање
● 300 мл бело вино
● 600 мл супа

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: подигнете ја кожата која го прекрива вратот на пилето и целиот фил вметнете го внатре. Намачкајте го пилето со путер. Околу 30 минути пред печењето, посипајте го пилето со морска сол, зелен бибер и мајчина душица.

Чекор 2: пилето се става во сад за печење заедно со кромидот, исечкан на подебели кругови. Се залева со вино и супа. Се пече околу 1 час и 30 минути.

Совет: сервирајте со потпечен компир или варен прокељ со маслиново масло.

Related Posts with Thumbnails