wordpress counter

Песто паста со салата од авокадо и лосос

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


За денеска ви предлагаме тестенина приготвена со авокадо, песто и риба. Интересна комбинација, која можете да ја сервирате и како главно јадење и како предјадење.

СОСТОЈКИ (за 2 лица)
• 250 гр тестенини
• 1 тегличе песто
• 2 филети од лосос
• неколку листови зелена салата
• 1 авокадо
• една рака семки од сончоглед
• една рака семки од тиква
• малку маслиново масло и сок од лимон

ПОДГОТОВКА
Подгответе ги филетите од лосос така што ќе ги поставите на алуминиумска фолија со малку путер. Ставете ги во рерна и печете на умерен оган.

Во меѓувреме, сварете ги тестенините. Излупете го авокадото и отстранете ја семката. Исечете го на мали парчиња или коцки.

Во сад за салата ставете зелена салата како основа, потоа додадете го авокадото и попрскајте со семки од сончоглед и тиква. Додадете и малку маслиново масло и сок од лимон. На крај, сервирајте го лососот во салатата.

Кога тестенините ќе бидат сварени, исцедете ги и ставете ги во чинија за сервирање. Ставете песто и нежно измешајте. Вкусниот ручек е готов.

Bon Apetit!

Related Posts with Thumbnails