wordpress counter

Пијан шаран со сланина

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Рибата секогаш со радост ја пречекуваме на нашите трпези. Уште ако е приготвена на вистински начин, тогаш гурманите може да се предадат на целосно уживање со чаша вино. Денес ви предлагаме токму еден таков рецепт.

СОСТОЈКИ (4 лица)
● 1 шаран 1.5-2 кг
● 100 гр чадена сланина
● 4 чешниња лук
● 1.5 кг компири
● 2 дл вино
● сол
● масло

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: исчистете го шаранот и посолете го од двете страни. Засечете го на повеќе места по површината и внатре ставете чешниња лук. Во меѓувреме, излупете го компирот, исечете го на тркалца и сварете го малку (да биде полусварен).

Чекор 2: во огноотпорен сад, ставете масло, наредете го сварениот компир и врз него положете го шаранот. Горната страна од шаранот прекријте ја со тенки парчиња сланина. Ставете го да се пече на температура од 180 степени околу 45 минути. Потоа, прелијете ја рибата со вино и печете уште 45 минути.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Јагнешки ќофтиња во сос од јогурт и мента

Овој специјалитет е верзија помеѓу ќебапи и ќофтиња. Во комбинација со сос од јогурт и мента, подразбира уживање за сите...

Close