wordpress counter

Пилешко месо на кралски начин

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (5 гласа, просек: 5,00 од 5)


Овој рецепт е предлог за богат ручек, како што кажува и самото име на специјалитетот. Убава комбинација од месо, зеленчук и зачини, во која ќе уживате.

За приготвување на овој рецепт за 4 лица ќе ви бидат потребни:

СОСТОЈКИ
● 600 гр пилешко филе
● 3 лажици путер
● 1 главица кромид
● 2 чешниња лук
● 1 бабура
● 250 гр шампињони
● 1 лажица брашно
● 2 дл млеко
● сол и бибер
● мускатно оревче
● магданос

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: сварете го пилешкото месо во вода која претходно зоврила. Откако ќе се свари, тргнете го од оган. Сочувајте ја течноста од варењето. Во сад за пржење, растопете го путерот и потоа пропржете ги кромидот и бабурата кои претходно ситно сте ги насечкале. Потоа, додадете ги лукот и шампињоните исечени на четвртинки. Ставете бибер и сол и на крај зачинете со мускатно оревче.

Чекор 2: исечете го свареното пилешко месо на помали парчиња (големина на еден залак) и ставете им сол и бибер. Додадете ги во садот за пржење. Во малку млеко, изматете го брашното и додадете го во садот. На крајот додадете ги преостанатото млеко и течноста во која се вареше пилекото месо (околу 200 мл).

Чекор 3: варете уште неколку минути на средна температура со постојано мешање, за да се спојат сите вкусови и додека не ја добиете саканата густина. Сервирајте топло со декорација од магданос.

Related Posts with Thumbnails